15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ: Нови прописи за затворање на даночните дупки

ЕУ: Нови прописи за затворање на даночните дупки

euzone33

Министрите за финансии на Европската унија се сложија вчера да ги затворат „законските дупки“ кои мултинационалните компании ги користат за да платат мал или никаков данок склопувајќи поволни договори со земјите надвор од 28-члениот блок, јавува агенцијата Франс прес.

Новите правила на ЕУ, како што наведоа министрите, имаат за цел да ја спречат праксата на компаниите да „искористат диспаритети“ во даночните стапки, посебено во земјите надвор од блокот, бидејќи минатата година Унијата издаде директива за своите членки во врска со избегнувањето на даноците.

Договорот за решавање на т.н. „хибридна неусогласеност“ треба да ја прекине ерозијата на даночните основици на корпоративните даночни обврзници во Европската унија.

„Денес имаме уште една приказна за успех во нашата кампања за поправедно оданочување“, порача Пјер Московиси, европскиот комесар за економски работи.

„Чекор по чекор, ќе ги елиминираме каналите кои ги користат извесни компании со цел да го избегнат оданочувањето“, додаде тој во соопштението.

Новите правила треба да стапат на сила во 2020 година, откако државите членки ќе ги усвојат како закон. Во ретки случаеви, новите правила ќе се применуваат од 2022 година, додава француската агенција.

Оваа, најнова од многуте иницијативи, доаѓа во момент на раст на јавното незадоволство и осудите на мултинационалните корпорации поради избегнување на плаќањето на даноци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП