1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБизнис Конфедерација на Македонија на средба со компаниите од кавадаречко - неготинскиот...

Бизнис Конфедерација на Македонија на средба со компаниите од кавадаречко – неготинскиот регион

bkmm

Кои се приоритетите, какви се очекувањата и изнаоѓање решенија за подобрување на бизнис-климата во Македонија, за овие прашања дискутираа претприемачите и претставниците на микро, малите и средните компании од кавадаречко – неготинскиот регион на деловната средба организирана од Бизнис Конфедерација на Македонија. Претставниците на компаниите ги изнесоа проблемите со кои се соочуваат секојдневно во создавањето на одржлив бизнис, деловност и обезбедување иднина за своите компании.

bkn

Како национално тело што ги застапува интересите на бизнис-заедницата во Македонија ги преземаме сите можни чекори да ја дадеме нашата поддршка за  претприемништвото на микро, мали и средни претпријатија и со тоа да обезбедиме што подобри услови за работа. Тоа вклучува реформски зафати, законски измени, економски стратегии. Оваа средба е токму во насока на тоа компаниите да можат да ни кажат непосредно со што се соочуваат и какви пречки им го сузбиваат развојот и воопшто оперативноста. Врз основа на нивните искуства и сведоштва после тоа ние можеме соодветно да делуваме и да придонесеме за создавање на поволна бизнис клима во сите индустриски сектори и нивоа на оперативност“, изјави Миле Бошков, Претседател на Бизнис Конфедерација на Македонија.

bkmm

Со цел надминување на проблемите со кои се соочуваат компаниите, Бизнис Конфедерација на Македонија изработи платформа од предлог-политики и стратегии базирани на најпроблематичните точки во работата на деловните субјекти. Владеење на правото, Пристап до финансии, Претприемачка култура, Лојална конкуренција и Овозможувачка правна и регулаторна средина се насловите на овие платформи.

bknmnmm

Создавањето на предлог-политиките како и организацијата на настанот се поддржани од проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот. Ова е првиот од серијата промотивни настани кои ќе се одржат во повеќе градови на Македонија и со кои ќе се опфатат голем број компании.

bb

Во овој регион има приближно 2300 микро, мали и средни компании а најчести индустриски гранки во кои се активни се трговија на големо и трговија на мало, преработувачка индустрија, транспорт и складирање, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП