4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААргентина: Страв од инфлација

Аргентина: Страв од инфлација

inflacija3

Периодот на продажба на земјоделските производи и стравот од девалвација на аргентинскиот пезос ја зајакнаа побарувачката за американскиот долар.

Тој од почетокот на годината во однос на пезосот на црниот пазар се зголеми за 36, проценти.

Само присуството на големиот број на инспектори и федерални агенти во финансискиот центар на аргентинската престолнина, кои ги избркаа продавачите на американски долари, минатата недела ја спречија поголемата продажба на пезоси.

Така во петокот цената на „синиот долар“ изнесуваше 9,34 пезоси, додека официјалниот курс изнесуваше 5,18 пезоси за еден американски долар, со што разликата достигна 80 проценти.

За стравот од инфлацијата покажува и анкетата спроведена од страна на „Business School of the Austral University“. Од 180 анкетирани деловни луѓе во Аргентина, една половина верува дека во наредниот период цената на доларот ќе се движи меѓу 9 и 10 пезоси, истакнувајќи дека поголема веројатност има цената од 10 пезоси за еден долар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП