4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМAN ја започна годината со загуба

МAN ја започна годината со загуба

man vw

Компанијата MAN, кој е во мнозинска сопственост на Фолскваген, соопшти дека имале тежок старт во 2013-та година со загуба и пад на приходите во првиот квартал.

Од „MAN“ наведуваат дека во првите три месеци од оваа година претставувале тежок почеток на годината полна со предизвици во тек кога економските услови останаа неповолни.

Според резултатите од работењето, компанијата во првиот квартал забележала нето-загуба од 337 милиони евра, за разлика од профитот од 130 милиони евра во истиот период од минатата година. Исто така е евидентирана загуба во работењето од 82 милиони евра, во одност на профитот од 254 милиони во првиот квартал во 2012-та година.

Приходите се намалени за осум проценти или за 3.55 милијарди евра, а новите нарачки за 14 проценти или за 3.75 милијарди евра.

Од „MAN“ наведуваат дека очекуваат приходите за целата година да бидат слични на минатогодишните, додека профитот од работењето се очекува да биде намален. Компанијата минатата година оствари профит од 964 милиони евра со приходи од 15.8 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП