2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААтина го повикува Берлин да ги ублажи барањата

Атина го повикува Берлин да ги ублажи барањата

grčka-600x337

Владата на Грција ја повика денес Германија да се откаже од „ирационалните“ буџетски барања во врска со програмата за финансиска помош, ден откако Атина и европските кредитори постигнаа согласност за продолжување на разговорите за новите реформи.

Портпаролот на грчката влада Димитрис Цанакопулос истакна дека министрите за финансии на еврозоната на вчерашниот состанок постигнале напредок во разговорите за финансиската помош за Атина. Според неговите зборови, постоеле отстапки од сите страни за реформите кои Грција мора да ги изврши пред да добие нов заем.

„Сега е време Грција да продолжи по патот на реализмот“, нагласи Цанакопулос.

Тој ја повика Германија да се откаже од барањата Грција во наредната деценија секоја година да оствари 3,5 проценти од примарниот суфицит во буџетот. Тој, исто така, упати апел до Берлин да „усвои поконструктивен став“ за постигнување на договор за некаков облик за отпис на долговите на Грција.

Атина вчера се согласи со спроведувањето на дополнителните реформи кои ќе стапат на сила од почетокот на 2019 година, по завршувањето на третиот пакет финансиска помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП