16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБизнис климата во Германија се подобрува до највисокото ниво од август 2011-та

Бизнис климата во Германија се подобрува до највисокото ниво од август 2011-та

debiz033

Бизнис климата во Германија се подобрува во февруари, покажа анкетата на Институтот за економски истражувања (Ifo), цитирана од „Ројтерс“.

Индексот на минхенскиот институт се зголемува од 109,9 поени во јануари до 111 поени во вториот месец од годината. Тоа е највисока вредност од август 2011-та година.

Економистите анкетирани од агенцијата, прогнозираа вредност од 109,6 поени.

Индексот за актуелната ситуација расте од 116,9 поени до 118,4 поени и ги побива очекувањата за пад.

Показателот за очекувањата на бизнисот во наредните шест месеци се зголемува од 103,2 поени до 104 поени. Прогнозите беа за намалување до 103 поени.

Студијата на „Ifo“ е составена врз основа на анкети меѓу 7.000 германски компании во сферата на индустријата, градежништвото, трговијата на големо и мало, наведува „Ројтерс“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП