10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПорошенко побара нови санкции за Русија

Порошенко побара нови санкции за Русија

Petro-Poroshenko

Украинскиот претседател Петро Порошенко во вторникот ја повика ЕУ да воведе нови санкции кон Русија поради одлуката на Москва да ги признае пасошите издадени од страна на сепаратистичките власти во областите на истокот од Украина, пренесуваат светските агенции.

Порошенко на состанокот со еврокомесарот за хуманитарни прашања и кризни состојби Христос Стилијанидис во Киев рекол дека потегот на Москва не е во согласност со мировниот договор од Минск потпишан во 2015-та година.

Украинскиот претседател потенцирал дека сега е потребна „одлучна акција, се до заострувањето на санкциите“. Русија минатата недела донесе одлука дека личните документи, школските или професионалните дипломаи, потврдите за раѓање како и умрениците издадени од страна на властите на истокот од Укрина да ги признаат како валидни во Русија.

Ваквиот указ беше потпишан од страна на рускиот претседател Владимир Путин во саботата, при што од Кремљ соопштија дека одлуката е донесена врз основа на хуманитарни причини за да му се помогне на населението на истокот кое трпи последици поради украинските блокади и дека оваа одлука не значи и признавање на бунтовничките региони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП