ПочетнаЕКОНОМИЈААкцијата на НЛБ Банка најликвидна во тргувањето на Македонската берза

Акцијата на НЛБ Банка најликвидна во тргувањето на Македонската берза

makedon

Најликвидна акција во тргувањето на Македонската берза во понеделникот беше акцијата на НЛБ Банка.

Со оваа хартија од вредност беше остварен промет од 11,8 милиони денари и истргувани 1.141 лотови по цена од 10.400 денари, при што цената порасана за 0,60 отсто.

Според остварениот промет, следеа акциите на Комерцијална Банка, со три милиони денари и на енергетската компанија Макпетрол со 0,6 милиони денари.

Прометот вчера изнесуваше 16,1 милиони денари преку 57 трансакции, додека индексот МБИ-10 денот го заврши со раст од 0,06 отсто, и изнесуваше 2.277,45 индексни поени, додека пак индексот на обврзниците повторно остана непроменет.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП