15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИран ќе и продава 100.000 барели нафта дневно на Русија

Иран ќе и продава 100.000 барели нафта дневно на Русија

nafta 3439940

Иран најави во вторникот дека ќе започне да ѝ продава 100.000 барели нафта дневно на Русија во следните 15 денови, а Русија ќе плати половина во пари а половина во стоки и услуги, објави Иранската студентска новинска агенција ISNA.

Иранскиот министер за нафта Биџан Намдар Занганех изнесе поединости од договорот по состанокот со рускиот министер за енергетика Алексендер Новак кој го посети во Техеран, наведува ISNA.

„Секако дека бевме подготвени да го потпишеме договорот вечерва, но на нашиот руски колега му се брзаше и мораше да замине на аеродром“, изјавил Занганех. Додал дека бројни руски компании веќе потпишале меморандуми за разбирање со иранските компании.

Занганех рекол дека Русија ќе ја почитува одлуката на Организација на земјите извознички на нафта (OPEC) од ланскиот ноември да го намали производството и да го намали својот извоз за 300.000 барели нафта дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП