21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстрија ќе ја намали висината на детскиот додаток за гастербајтерите

Австрија ќе ја намали висината на детскиот додаток за гастербајтерите

Viele Euro Geldscheine

Австрија има намера да ја намали висината на детските додатоци што ги примаат децата на странските работници чии семејства не живеат во Австрија и да ги прилагоди на стандардот на земјите во кои живеат, објавија во вторник словенечките медиуми.

Предлог законот што оваа недела во парламентот ќе го поднесат двете најмоќни австриски партии, Народната партија ОеВП и социјалдемократите СПО, кои ја сочинуваат владејачката коалиција, предвидува дека на тој начин би дошло до заштеда од 100 милиони евра во државниот буџет.

Висината на детските додатоци за странците би се прилагодила според животните услови и стандардот на земјите од кои доаѓаат работниците, објави словенечката агенција СТА.

Најмногу пари на име „детски додаток“ гастербајтерите лани од Австрија одвлекле во Унгарија, 65 милиони евра, следат Словачка со 60 и Полска со 37 милиони евра, а доста детски додатоци се испраќаат во Романија, чешка и Словенија.

Австрија годишно за детски додатоци исплаќа 3,4 милијарди евра, а со намалувањето на овој додаток за децата на странците, трошоците би се намалиле за околу 100 милиони евра бидејќи детските додатоци во земјите од каде што доаѓаат работниците се значително пониски.

Во земјите од кои има најмногу гастербајтери, детскиот додаток се движи од 20 до 40 евра, додека во Австрија тој изнесува од 110 до 160 евра, објави СТА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП