16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБизнис активноста во еврозоната достигна речиси шестгодишен врв

Бизнис активноста во еврозоната достигна речиси шестгодишен врв

aktivnost33

Растот на бизнис активноста во еврозоната се забрзува во февруари до највисокото ниво од речиси шест години, станува јасно од последната анкета за секторите на производство и услуги на „IHS Markit“.

Резултатите покажуваат стабилен раст за француските и германските економии и покрај политичката неизвесност и во двете земји поради претстојните претседателски и соодветно парламентарни избори, пренесува „CNBC“.

Вкупниот индекс на менаџерите на налозите „PMI“ на „IHS Markit“ се искачи до 56 поени во февруари од 54,4 поени во јануари. Тоа е највисоката вредност од април 2011-та година. Индексот ги надмина очекувањата на аналитичарите анкетирани од „Ројтерс“ за раст до 54,3 поени.

Знаците за побрз раст може да обезбеди цврста основа за економија на 19-те земји членки на еврозоната, додека таа влегува во година по ред на потенцијално бурната политика. Европската централна банка (ЕЦБ) одлучи во декември да ја продолжи програмата за откуп на обврзници до крајот на 2017-та година, со оглед на слабата основна инфлација и несигурноста која демне од националните избори и од почетокот на преговорите за условите за излегување на Велика Британија од Европската унија.

Франција забележа општ индекс на менаџерите на налозите „PMI“ од 56,2 поени за февруари – доста над очекувањата за зголемување до 54,1 поени. Податоците за Германија се исто позитивни, а реперот се зголемува до 56,1 поени.

aktivnost34

„Економијата на еврозоната се зголеми со поголема брзина во февруари“, вели Крис Вилијамсон, главен бизнис економист во „IHS Markit“.

„ЕЦБ ќе се утеши со знаците за посилен раст и понатамошен пораст на цената, иако несомнено ќе остане загриженост за тоа дека изборите и „Brexit“ би можеле да ја нарушат бизнис средината во оваа година. Затоа промена во политиката на централната банка не изгледа веројатна, барем не пред изборите во Германија во септември“, додава Вилијамсон.

Како Германија, така и Франција предвидува зголемувања на новите нарачки од мај 2011-та година, што ја зголеми вработеноста во секоја од двете земји. Главната разлика помеѓу двете водечки економии е дека растот во Германија е стимулиран од производствениот сектор, додека тој во Франција е придвижуван од услужниот сектор.

Економските резултати на Германија се толку импресивни дека Самуел Томс од „Pantheon Macroeconomics“ пишува во одговор на податоците: „Ни се исцрпени веќе суперлативите, со кои ја опишуваат германската економија, барем колку што станува збор за неверојатниот пораст на „PMI“. Основниот „PMI“ беше охрабрен од благо зголемување на производството, и понатамошниот скок во услужниот сектор по неодамнешната слабост. Генерално издржливата активност во производството останува главен двигател за зголемувањето на растот на приватниот сектор“.

Во исто време податоците исто така покажуваат дека создавањето на работни места во еврозоната достигна највисоко ниво од една деценија, додека бизнис оптимизмот исто така се зголемува. Сепак постои континуиран инфлациски притисок, а цените се забрзуваат како кај услугите, така и во производството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП