16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвестициите во имот во Дубаи достигнаа над 11 милијарди долари за 45...

Инвестициите во имот во Дубаи достигнаа над 11 милијарди долари за 45 дена

invest dubai33

Инвестициите во имот во Дубаи достигна вкупно 42 милијарди дирхами (11,4 милијарди долари) за првите 45 дена од почетокот на годината, соопшти „themovechannel.com“.

Вредноста на трансакциите, регистрирани досега во оваа година, веќе е еквивалентно на речиси половина од износот за вкупно 91 милијарди дирхами (24,7 милијарди долари) за целата 2016-та година.

Податоците беа објавени за време на прес-конференција по повод 13-тото издание на саемот „International Property Show“, кое ќе се одржи од 2-ри до 4-ти април во Светскиот трговски центар во Дубаи (Dubai International Convention and Exhibition Centre).

Се очекува настанот да привлече 100 излагачи од 40 земји во оваа година, а посетеноста да достигне 16.000 лица.

„Имот на услуги има сериозен интерес од сите изложби, кои имаат за цел да ја покажат силата на нашиот пазар на недвижности. Задоволство ни е да ги поддржуваме овие саеми“, изјави Маџид Сакер ал-Марри, виш директор на центарот за управување и одликување на инвестициите во недвижностите кон услуги во Дубаи.

За прв пат саемот во 2017-та година ќе вклучува и брокери на недвижности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП