18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНишто не е бесплатно, Британија плаќа суров цех

Ништо не е бесплатно, Британија плаќа суров цех

77103849658ac27dedfaad232317831_w640

На Британија ќе и бидат потребни години за преговори за идниот трговски договор со ЕУ, откако ќе го напушти блокот.

Како што се наведува ќе и биде исплатена голема сметка од Брисел поради напуштањето на ЕУ, изјави претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, пренесува Ројтерс.

Според неговите зборови, ќе бидат потребни барем две години Британија да излезе од блокот, изјави Јункер во говорот пред пратениците од белгискиот парламент.

„За да се сложиме за идните изгледи за односите меѓу Велика Британија и ЕУ ќе ни бидат потребни години“, изјави Јункер.

Говорејќи за плаќањето кое ЕУ го бара од Лондон со цел да ги покрие трошоците на ЕУ на кои Британија се обврза како членка на Унијата, Јункер изјави дека Британија би требало да знае дека тоа нема да биде „на намалување или бесплатно“.

„Британците мораат да ги почитуваат своите обврски во чија изработка учествуваа. Сметка ќе постои, а да бидам посуров, сметката ќе биде тешка“, изјави Јункер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП