12 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕГермански рецепт: Природен напиток кој го зајакнува имунитетот

Германски рецепт: Природен напиток кој го зајакнува имунитетот

16670237658ab13a125578110588017_v4 big

Ако ви ослабил имунитетот, пробајте го напитокот за негово зајакнување, кој се подготвува едноставно, а дава многу ефикасни резултати.

Земете четири лимони, измијте ги убаво заедно со кората, а потоа исецкајте ги на парчиња.

Потоа додадете четири чешниња лук, ситно исецкани и парче корен од ѓумбир, па сето тоа добро измешајте го во блендер.

Добиената смеса загрејте ја во тенџере и додадете доста вода, околу два до три литри.

Кога ќе зоврие оставете ја да се олади, а потоа процедете ја и ставете ја во фрижидер.

Секое утро на празен стомак и два часа пред спиење испијте по два децилитри од овој напиток.

Пред употреба промешајте за ѓумбирот да не остане на дното и не се грижете за вкусот од лукот, нема да се познава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП