3 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗадолженоста на Американците го достигна нивото од 2008-ма

Задолженоста на Американците го достигна нивото од 2008-ма

us mili33

Задолженоста на американските домаќинства достигна вкупен износ од 12,5 илјади милијарди долари – ниво невидено од 2008-ма година па наваму, се наведува во извештајот на „New York Federal Reserve“, цитиран од „CNBC“.

Во четвртиот квартал од минатата 2016-та година долгот на американските домаќинства се зголеми за 226 милијарди долари. Ова е најголемото месечно зголемување од 2013-та година па наваму.

Скокот на задолженоста се должи поради зголемување на бројот на заеми за нов дом и автомобил. Студентски кредити исто така имаат удел во објавениот раст.

И покрај загрижувачките податоци нема докази дека домаќинствата ќе искусат тешкотии со отплатата на кредитите. Според податоците на „New York Fed“ бројот на запленувања и банкротирањата меѓу домаќинствата во земјата достигна 18-годишен минимум.

2008-ма година се поврза со светската финансиска криза која го зафати целиот свет. Една од причините тогаш беше токму огромниот број необезбедени станбени кредити во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар