2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЕве како да не се досадувате на работа

Еве како да не се досадувате на работа

dosada1

За некои фирми периодот кој следи е ударна сезона, но кај поголем дел од нив работата овој период се намалува. Веројатно деновиве сте се затекнале како седите пред компјутер без да правите нешто корисно.

Како да ви помине времето без да ја нарушите работната етика играјќи игри на компјутер?

 

1. Обидете се да се заинтересирате што работат колегите и дали им е потребна ваша помош за нешто. Ќе се зближите со колеги, а може и ќе направите нешто корисно.

 

2. Организирајте и исчистете си го бирото и фиоките. Олеснете си ја работата така што ќе си ги средите сите листови наоколу.

 

3. Истражете го пазарот на работни места. И да ви се допаѓа вашата работа, треба да бидете во тек колкава е потребата од вашата професија и во што да се усовршувате.

 

4. Поставете си цели за периодот по летото и начини како да си ја зголемите продуктивноста.

 

5. Пронајдете он-лајн курсеви за вашата струка или литература која ќе ви помогне да се надоградите.

 

6. Прочистете го Inbox-от. Избришете ги старите мејлови, организирајте ги по фолдери, средете ги старите документи. Вака побрзо ќе ви помине времето и ќе си ја олесните работата за понатаму.

 

7. Реорганизирајте си ги сопствените финансии. Направете си табела на месечни приходи, трошоци, размислете за штедење и можности за дополнителна заработка.

 

8. Земете 1 или 2 слободни дена. Остатокот искористете го за годишниот одмор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП