21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААтина се согласи на компромис со кредиторите

Атина се согласи на компромис со кредиторите

grčka

Грција вчера се согласи да пронајде компромис за новиот пакет реформи во настојување да го реши спорот со кредиторите од ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој предизвика стравување од нова криза.

Претседателот на еврогрупата Жерон Дајселблум по разговорите во Брисел изјави дека официјалните лица кои ги претставуваат кредиторите наскоро ќе се вратат во Атина поради разговорите за новите мерки.

Грција и ММФ во изминатите неколку месеци беа во спор околу отписот на долговите и целите во буџетот.

„Многу сум среќен од исходот на денешниот состанок. Ќе се работи со грчката власт за дополнителниот пакет структурни реформи на даночниот и пензискиот систем како и за регулативите на пазарот за труд“, нагласи Дајселблум.

Кредиторите во декември ја напуштија Атина откако не успеаа да ја завршат втората ревизија за финансиска помош и со тоа да овозможат исплата на новата транша.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП