ПочетнаЕКОНОМИЈАПортугалија вратила на ММФ половина од кредитите

Португалија вратила на ММФ половина од кредитите

portugal imf33

Португалската влада соопшти дека вратила на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) половина од парите добиени од организацијата како дел од спасувачката програма од 2011-та година.

Предвременото плаќање на обврските е сведоштво за повратеното финансиско здравје на земјата, нагласуваат од Лисабон.

Португалското Министерство за финансии информира дека минатата недела вратило на ММФ 1,7 милијарди евра – сума, која требаше да се исплати во 2019-та година. Ова значи дека земјата веќе исплатила 13 милијарди евра кон Фондот.

Португалија се приближи до банкрот во 2011-та година во екот на финансиската криза во еврозоната. Нејзините партнери од ЕУ се здружија со ММФ и дадоа на земјата спасувачка помош.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП