4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНеповратни грантови за самовработување до 4.000 евра

Неповратни грантови за самовработување до 4.000 евра

vlada

Сите невработени лица од денеска во наредните десет дена  ќе имаат можност да аплицираат за грантови до 4.000 евра.

Со оперативниот план за 2017 година со програмата за самовработување ќе бидат опфатени 1.050 невработени лица од евиденцијата на АВРМ, активни баратели на работа, во 1.000 новоотворени микро компании.

Мерката се спроведува 11­та година по ред, а за годинава за неа се предвидени вкупно 283 милиони денари.

Програмата за самовработување вклучува обука за претприемништво, помош при развивање одржлив бизнис план и регистрирање дејност, неповратни грантови во форма на опрема и материјали и менторство за време на почнување на бизнисот. ­

Оваа програма има за цел да го поттикне претприемништвото и да поддржи креирање почетни бизниси кои ќе обезбедат одржливи вработувања, не само за самите основачи, туку и за други лица кои ќе се вработат во овие почетни одржливи бизниси.

“Програмата поттикнува и создавање рамномерна дистрибуција на економските субјекти во земјава”, истакна на денешната прес­конференција министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими.

Потенцира дека ова е единаесетта по ред година во која се спроведува оваа програма и оти со неа се постигнува целта за зголемување на вработувањето, со оглед на тоа што, како што рече, 70 проценти од бизнисите успеваат да опстанат на пазарот и по неколку години, како и дека во дел од активните фирми има зголемување на бројот на вработени. Од 2007 до 2016 година, додаде Ибрахими, преку програмата основани се 8.730 фирми во кои се вработени 8.969 лица.

Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски истакна дека годинава грантот изнесува 4.000 евра, што, како што нагласи, е зголемување за илјада евра во однос на изминатите години. На овој чекор, додаде Поповски, се одлучивме врз основ на направените анализи и консултациите со експертите и изготвувачите на бизнис ­плановите.

Со програмата за само вработување лицата кои ќе отворат свој сопствен бизнис ќе имаат можност да вработат и дополнително уште едно лица за кои што ќе добијат дополнително средства од 92.000 денари со услов да го задржат на работа најмалку 12 месеци.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП