3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФич го потврди "ББ" кредитниот рејтинг на Македонија

Фич го потврди “ББ” кредитниот рејтинг на Македонија

fitch

Кредитната агенција Фич го потврди „ББ“ рејтингот на Македонија.

Како што наведуваат од таму, потврдата на позитивните сигнали се должат на добрата монетарна и солидната макроекономска политика која одржува долгогодишна стабилност на девизниот курс.

Владините финансии имаат малку подобри перформанси од просечните во “ББ” категоријата, но сепак, БДП по глава на жител е под просекот во категоријата “ББ” држави.

Согласно проекцијата на Фич, македонската економија лани забележала раст од 2,6% од БДП. За 2017 агенцијата смета дека Македонија ќе има раст од 3,4% благодарение на извозот и на инвестициите.

Генерално стопанствениците очекуваат подобрување на економските, но сепак предупредуваат дека економијата не закрепнува толку лесно.

Фич ја оценува фискалната позиција на Македонија како „над ББ рејтингот“, а јавниот долг како одржлив. Дефицитот на тековната сметка е адекватно финансиран од приливите на странските директни инвестиции.

Денарот е стабилен, како што посочуваат од Фич, благодарение на посветеноста на Народната банка за одржување на стабилноста. Банкарскиот сектор останува стабилен, добро капитализиран и ликвиден.

Како клучна забелешка на Агенцијата е дека најголемата закана за македонската економија е пролонгирањето на политичката криза, за која велат дека е тешко да се прогнозира кога ќе заврши. Сепак посочуваат дека фискалната и монетарната политика се поставени на здрави основи, поради што го потврдуваат кредитниот рејтинг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП