2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗФолксваген планира 60 модели до крајот на годината

Фолксваген планира 60 модели до крајот на годината

Volkswagen-Group-11

Групацијата Фолскваген планира голема офанзива се со цел да го освои врвот во автомобилската индустрија, а според неа до крајот на годината може да се очекуваат 60 нови и редизајнирани модели.

Најголемиот европски производител сака во 2013-та година да ја зголеми продажбата, а во тоа би требало да им помогне седмата генерација на Голф, Шкода Октавија, како и новиот Ауди А3 седан.

Во Волсфбург се надеваат дека овие три модели ќе ја надокнадат лошата ситуација на „стариот континент“ каде владее најниската побарувачка во последните две децении.

Растот на продажбата е од клучно значење за германскиот гигант кој сака до 2018-та година да ги помине Џенерал Моторс и Тојота, двата најголеми производители во светот. Од друга страна резултатите не се така охрабрувачки затоа што групацијата минатиот месец оствари глобален раст од само 0.2 проценти (864.400 возила), додека во Германија продажбата падна за 17 проценти.

Кога станува збор за заработувачката, луксузните брендови на германската компанија и носат половина од вкупниот приход, па поради тоа Фолксваген сака да го зголеми присуството во овој сегмент. Па така „Porsche“ на почетокот на наредната година ќе го лансира новиот компактен кросовер кој е наречен „Macan“, додека развојот на новиот СУВ модел на „Bentley“ е во полна пареа.

Шкода има во план да ја прошири својата линија во Кина за нови шест модели, додека во Сеат имаат големи очекувања од редизајнираниот Леон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП