25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија ја претстави туристичката понуда на меѓународниот саем за туризам во Бугарија

Македонија ја претстави туристичката понуда на меѓународниот саем за туризам во Бугарија

turizam-bugarija-680x365_c

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) од 15 до 17 февруари е дел од 34-тото издание на Меѓународната саемска манифестација за промоција на туристичката понуда во Софија, Бугарија – HOLIDAY&SPA EXPO 2017.

За време на саемот во Софија остварена е средба со амбасадорот на Куба во Бугарија, Н.Е. Педро Пабло Сан Јорге со цел негово запознавање на туристичките можности на Македонија и продлабочување на соработката во туристичкиот сектор помеѓу двете земји.

Познатиот тур-оператор Бохемија и Асоцијацијата на туристичките агенции на Бугарија (БАТА) сметаaт дека Македонија има атрактивна понуда за бугарскиот пазар, заклучок кој доаѓа како резултат на нивната организација на кружни тури низ Балканот, во кои е вклучена и Македонија.

Агенцијата за туризам на овој саем оствари средби со повеќе тур-оператори, туристички агенции и туристички комори од Бугарија кои најавија зголемување на бројот на аранжманите, а со тоа и бројот на туристите за 2017 година во Македонија. Оваа прилика беше искористена и за дополнителна промоција на Македонија преку гостување на различни емисии специјализирани за туризам во Бугарија.

На саемот за туризам во Бугарија туристичката понуда ја претставија 377 излагачи, а на штандот на Македонија присутни беа тур-операторите Фибула и БТБ Турс, како и хотелите Изгрев, Климетица, Сириус и Аурора Ресорт и Спа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП