4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ3 чудотворни маски за коса кои ќе ве ослободат од првутот

3 чудотворни маски за коса кои ќе ве ослободат од првутот

маска-коа

Покрај разните препарати за коса кои главно не помагаат, не е на одмет да се потсетите на оние од природата кои ги користеле нашите баби…

Најчестите причини за првут се стрес, недостаток на витамин Б и премногу активни лојни жлезди. Битката со првутот ја води секое петто лице во светот. Ако и вие не можете да се изборите со првутот, пробајте ги овие три природни препарати…

Маска бр.1

Помешајте 1 жолчка, 3 лажици јогурт и 1 лажица масло (можете да користите – маслиново, кокосово, рицинусово и сончогледово масло). Нанесете ја маската и оставете ја да отстои 1 час, потоа добро измијте ја косата.

Маска бр.2

Помешајте сок од половина лимон со 1 лажица рицинусово масло и 1 лажица маслиново масло. Маската нанесете ја на главата, половина час пред миење на косата.

Маска бр.3

1 лажица мед, 1 лажица сончогледово масло и 4 лажици изрендан кромид помешајте ја и нанесете ја смесата на косата да отстои 1 час.

Совет: По употребата на секоја маска убаво измијте ја косата, а маските можете да ги употребувате 2 до 3 пати неделно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП