Одржливиот почеток на 2017-та година и подобриот од очекуваниот оперативен профит на „Air France-KLM“ ја зголеми цената на акциите на авиокомпанијата до највисокото ниво од јули наваму, јави „Ројтерс“.
Менаџерите на „Air France-KLM“ и аналитичари од секторот сепак предупредија дека предизвиците пред авионската компанија и нејзините конкуренти ќе имаат свое влијание.
„Не сме во еуфорија. Претпазливи сме, поради што продолжуваме да работиме на трошоците“, рече главниот финансиски директор Фредерик Гаже пред новинарите по презентирањето на резултатите.
Резервациите на долгите растојанија за кои „Air France-KLM“ изјави дека сака да го врати уделот на пазарот, не се задоволителни во моментов, додаде Гаже. Авиокомпанијата, чиј раст на капацитетот за 2016-та година се ограничи до 1%, сака да расте со 3% до 3,5% годишно.
Европските авиокомпании се борат да ги намалат трошоците, за да се натпреваруваат со нискобуџетните конкуренти како „Ryanair“ и „easyJet“, што доведе до штрајкови во „Lufthansa“, „Air France“ и „British Airways“ во последните месеци.
Прекумерна продуктивност во Европа натежнува и врз цените на билетите, што носи дополнителни тешкотии за превозниците во регионот.
Француско-холандската компанија изјави дека иако имало големо ниво на несигурност околу приходите од билети, тие сепак се намалиле само со 0,7% во јануари во однос на падот од 5% за 2016-та година како целина.
Акциите на „Air France-KLM“ поскапеа со 7% како одговор на 34-процентниот скок на оперативната добивка за 2016-та година до 1,049 милијарди евра и ажурирање на информациите за резервации во јануари. Во текот на сесијата зголемувањето се забрза и на крајот од седницата достигна 12,6.
Според Гаже намалувањето на трошоците со 1% во минатата година беше значително за „Air France-KLM“, која се бори со штрајкови и тешки односи со синдикатите.
Тој рече уште дека компанијата цели да ги намали трошоците со најмалку 1,5% во оваа година преку иницијативи како новота поделба на „Air France“, наречена „Boost“ што ќе оперира со пониски трошоци.
Трошоците за пилотите ќе се намалат за 15%, а за стјуардите – со 40%, според новите предлози кои беа пречекани со скептицизам од пилотскиот синдикат при нивната презентација во минатата недела.
„KLM“ имала оперативна маргина од 6,9% во 2016-та година, додека кај „Air France“ таа била само 2,4%. Тоа, според Гаже, се должи на штрајковите на пилотите и стјуардите од „Air France“ и влијанието на исламистичките терористички напади против францускиот туризам.