18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПристигнати 723 барања за надомест за ПВЦ или алуминиумски прозорци

Пристигнати 723 барања за надомест за ПВЦ или алуминиумски прозорци

pvc-prozori-5

Министерството за економија, во четврток извести дека заклучно со 15 часот пристигнати се 723 барања за надоместување на дел од трошоците по Јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата за 2017 година, објавен на 31.01.2017 година на веб страната на Министерството за економија и во дневните весници „Дневник“ и „Коха“.

Притоа, за оваа намена во Буџетот на Министерството за економија за 2017 година обезбедени се средства во износ од 20.000.000 денари, а доделувањето на надоместокот ќе се врши по принципот „Прв дојден, прв услужен“, сѐ до искористување на средствата.
Имајќи го предвид горенаведеното, произлегува дека доколку сите баратели, кои поднеле комплетна документација, го остварат право на надомест во максималниот износ од 500 евра, со обезбедените средства ќе бидат субвенционирани најмалку 635 домаќинства. Со оглед на тоа што се очекува различен износ на инвестиции од страна на домаќинствата, а со тоа да не биде искористен максималниот износот на субвенцијата, според очекувањата на Министерството за економија со мерката ќе се поддржат околу 700 домаќинства.

Потсетуваме дека со оваа стимулативна мерка се надоместуваат дел од трошоците во износ од 50 отсто од вкупната инвестиција, но не повеќе од 500 евра во денарска противвредност по домаќинство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП