23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛондон води на листата на највлијателните градови во Европа

Лондон води на листата на највлијателните градови во Европа

cities 000

Лондон го освои првото место во рангирањето за највлијателните градови во Европа од економска гледна точка. Тоа го покажува последниот извештај на консултантската компанија „Colliers International“, во кој учествуваат 20 големи градови. Тие се подредени врз основа на индекс, кој се дефинира како сооднос на параметрите поврзани со присуство на таленти, локација и трошоци.

Според анализата Лондон и Париз држат првите две места главно поради размерот. Париз води, кога станува збор за економско производство, идни вештини и капацитет и цена на работната сила, наведува компанијата. Главниот град на Франција постигнува особено силен резултат од гледна точка на големината и искуството на вработените.

Весникот забележува дека британскиот референдум за излез од Европската унија (ЕУ) и последиците од него носат голем ризик за Велика Британија и Франција, а и за Европа во целина. Што се однесува до работните пазари, сепак Островот ја надминува Франција како пофлексибилно и либерално место за водење бизнис.

Токму поради тоа на трето место на листата повторно е град кој се наоѓа во Велика Британија – Манчестер, кој се искачува од 6-та позиција од минатата година.

Стокхолм го зазема четвртото место, а се претставува стабилно во сите области кои се разгледуваат при пресметката на индексот. Квалификациите на работната сила и насоката на развој на економијата за зацврстување на водечката положба во однос на дигиталната средина во градот.

Даблин исто е напред во рангирањето за слични причини. Знаењата по англиски јазик се меѓу главните предности на градовите во Велика Британија пред останатите во Европа. Меѓу позитивите на Даблин е и либералното трудово законодавство и транспарентноста на пазарот на трудот.

Мадрид и Барселона се квалификуваат подобро во однос на животниот стандард и присуство на латентна работна сила, но не и како пазарен ризик. Ова е причината Мадрид да западне од 3-то до 8-мо место, а Барселона  од 7-мо до 16-то.

Најмногу изненадува продолжувањето на слабиот пласман на Берлин – само 12-та позиција, што би можело да се објасни со премногу голема зависност од јавниот сектор и покрај позитивниот развој на ИТ компаниите, медиумите и телекомуникациските оператори во градот.

cities 001

На дното на листата се Милано, Будимпешта и Брисел. Слабите резултати на Брисел и Милано главно се должи на високите трошоци и пазарниот ризик. Брисел има најнизок резултат од гледна точка на регулациите на пазарот на трудот, а покрај ситуацијата со референдумот во Италија положбата на Милано не е многу подобра. Будимпешта исто така се карактеризира со висок ризик, но и состојбата на економијата и присуството на латентна работна сила исто влијаат.

Во индексот се земаат предвид продуктивноста на работната сила, капацитетот и карактеристиките на кадрите, стандардот на живот во градот, трошоците за работна сила на работодавците, како и безбедноста на државата во која се наоѓа.

Според директорот на пазарните истражувања во „Colliers EMEA“, Демијан Харингтон е важно да се земе предвид дека тежината на секој параметар во индексот варира за различни корисници на деловен простор и тоа може да се промени листата на градовите. „Компаниите кои се најчувствителни на трошоците на пример, е можно да ги сметаат пазарите во Јужна, Централна и Источна Европа за попривлечни од оние во Северна и Западна. Компаниите кои се фокусирани на повеќе дигитално ориентираните држави ќе одлучат Стокхолм и Прага пред Барселона или Брисел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП