27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРеконструиран патот во Табановце со средства од јапонската влада

Реконструиран патот во Табановце со средства од јапонската влада

tabanovce-put-680x365_c

Постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации(ОН) Луиза Винтон, заедно со Заменик претседателот на Владата за Европски прашања Арбр Адеми, вршителот на должност на Амбасадата на Јапонија во Скопје, Тојоказу Кубота и градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски ја одбележаа реконструкцијата на главниот пат во селото Табановцe.

Вкупната инвестиција изнесува 173,000 американски долари.

Овој пат претрпе големи оштетувања за време на бегалската и мигрантската криза поради бројните камиони и товарни возила што се движеа од и до прифатниот центар низ кој што поминаа повеќе од еден милион бегалци и мигранти во 2015 и почетокот на 2016 година. Благодарејќи на целосната реконструкција, жителите на Табановци сега имаат многу подобар пристап до работа и до училиште и хуманитарната помош може безбедно да се доставува до неколкуте лица кои сеуште престојуваат во транзитниот центар.

Патот исто така беше редизајниран за да обезбеди соодветно одводнување и да ги намали ризиците од поплави при обилни дождови.

Потпорен ѕид е исто така изграден крај училиштето во Сопот со цел да се осигура пристапот да биде побезбеден за деца.

Овој проект е направен со финансиска поддршка од Јапонската Влада, која обезбеди 2.225 милиони американски долари за програмата на УНДП за поддршка на локалните заедници кои беа најмногу засегнати од мигрантската криза.

Неодамнешниот транзит на бегалци низ регионот ја стави под притисок испораката на локалните јавни услуги, во областа на транспортната инфраструктура, водоснабдување и управување со отпад во општините Гевгелија и Куманово.

“Владата на Јапонија целосно ги разбира хуманитарните и развојните предизвици кои бегалската и мигрантската криза ги наметнаа на општините-домаќини” вели Тојоказу Кубота од јапонската амбасада. “Наш долгоролен приоритет е да помагаме на овој регион и на луѓето кои живеат тука”.

Другите активности на оваа програма на УНДП вклучуваат изградба на нова депонија – според стандардите на Европската унија и реконструкција на пумпна станица во Гевгелија, постројка за селекција на отпад во Куманово, и набавка на камиони и друга опрема за справување со отпадот во двете општини.

“Благодарејќи на Владата на Јапонија, ние работиме на решавање на некои долгорочни развојни предизвици кои се појавија со бегалската криза” вели Постојаниот претставник Луиза Винтон. “Инвестициите во транспортната инфраструктура, водоснабдување и справување со отпад во двете засегнати општини ќе ги подобрат условите за живот за повеќе од 200,000 локални жители“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП