25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија го усвои законот за фонд за спасување на банките oд 20...

Италија го усвои законот за фонд за спасување на банките oд 20 милијарди евра

si si300

Италијанскиот парламент одобри закон за обезбедување на финансиска помош од 20 милијарди евра на „Banca Monte dei Paschi di Siena“ и на други кредитори, како дел од напорите на земјата да ја реформира банкарска индустрија, соопштува „Bloomberg“.

Долниот дом на Парламентот даде конечното одобрување, обнова на законот, претставен од кабинетот на премиерот Паоло Џентилони во декември. Тоа вклучува гаранции за итна ликвидност и капитални инјекции за заглавените кредитори во согласност со правилата за државна помош. Банките ќе можат да побараат заштитни рекапитализации, што значи дека некои обврзници ќе претрпат удари.

„Monte Paschi“ е првата банка која ќе побара средства согласно новата програма, откако не успеа да привлече свеж капитал од инвеститори во декември. Европската централна банка изјави дека кредиторот со седиште во Сиена треба да собере 8,8 милијарди евра за поддршка на балансот согласно сигурносен план за рекапитализација, кој беше побаран од самата „Monte Paschi“. Во моментов течат разговори за нов бизнис план за банката, кој треба да биде одобрен од европските власти.

Италијанските банки имаат тешкотии поради лошите заеми од 360 милијарди евра, со што беше погодена нивната профитабилност и поткопаната доверба на инвеститорите. Трансформирањето на „Monte Paschi“ во државна сопственост што ќе биде најголемата национализација во Италија од 30-те години, може да биде проследено со спасување на кредитори како „Veneto Banca“ и „Banca Popolare di Vicenza“.

Министерството за финансии на Италија може да преземе удел во уште два доверители за одреден временски период, изјави претседателот на „Quaestio Capital Management“, Алесаднро Пена претходно во овој месец. Неговата компанија управува со Фондот, кој ги спаси банките во минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП