22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLufthansa конечно ги зголемува платите на пилотите

Lufthansa конечно ги зголемува платите на пилотите

92608718_lufthansa

Германскиот авиопревозник „Lufthansa“ прифати да ги зголеми платите на своите пилоти.

Тоа е договрот кој е постигнат после неколку години несогласување и штајкови на пилотите, соопшти синдикатот Кокпит.

„Lufthansa“ ќе ги зголеми платите за сите пилоти, за 5.400 лица кои работат во компанијата и филијалите, во „Lufthansa“ и „Germanwings“.

Покрај тоа зголемување, кое ќе се одвива во четири фази до 2019 година, пилотите ќе добиваат и бонуси со вкупна вредност од околу 30 милиони евра, меѓу 5.000 и 6.000 евра по пилот.

Несогласувањето меѓу управата и пилотите траеше со години, а неколку штрајкови на пилотите, „Lufthansa“ ја чинеа повеќе од 350 милиони евра.

Пилотите бараа поголеми плати бидејќи во последните пет години немало зголемувања, дури ниту кога компанијата добро работела.

Копилот на почетокот на кариерата месечно заработува 6.550 евра бруто, а капетан пред пензија повеќе од 22.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП