4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАвстрија ќе поднесе тужба против „Ербас“ поради корупција

Австрија ќе поднесе тужба против „Ербас“ поради корупција

airbus-a320neo_large

Министерството за одбрана на Австрија ќе поднесе тужба против европскиот производител на авиони „Ербас“, поради наводна корупција и давање потокуп, во врска со контоверзната продажба на борбените авиони „Еврофајтер“, вредна две милијарди долари.

„Против „Ербас“, ние ќе поднесеме тужба“, рекол портпаролот на министерствоот за одбрана на Австрија, Микаел Бауер.

Бауер за агенцијата Франс-прес изјавил дека резултатите на државната истрага за договорот од 2003 година и купвањето на 15 борбени авиони ќе бидат објавени во четврток.

Австриските медиуми наведуваат дека истрагата утврдила дека „Ербас“ лажно ги зголемил цените на авионите.

Австрија првично нарачала 18 авиони, но подоцна ја намалила порачката на 15 авиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП