20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците во страв: Грците преминуваат на доларот?

Германците во страв: Грците преминуваат на доларот?

31401124258a45b363e389038585189_w640

Грција ја разгледува можноста за излез од еврозоната и прифаќање на американскиот долар, изјави американскиот професор Тед Малох.

Британскиот дневник „Independent“ потсетува дека Малох е еден од кандидатите за нов американски амбасадор во ЕУ.

„Познавам некои грчки економисти кои отидоа во американската истражувачка организација поради разговори за оваа тема и прашањата на доларизација. Таквата одлука, нормално, би ги преплашила Германците бидејќи тие не сакаат да слушаат такви идеи“, изјави Малох.

Според неговите зборови, Grexit би бил најдобрата опција за Грците бидејќи моменталната ситуација е „неодржлива“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП