18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаботниците од ЕУ во Велика Британија се намалија на крајот на 2016-та

Работниците од ЕУ во Велика Британија се намалија на крајот на 2016-та

vb mali kompanii333

Стабилниот раст на бројот на мигранти од ЕУ во Британија престана на крајот на 2016-та година, што сугерира дека референдумот за „Brexit“ и по поевтинувањето на британската фунта може да ја направи земјата помалку привлечна како место за работа, пренесе „Ројтерс“.

Бројот на мигрантите од ЕУ, кои биле вработени во Велика Британија, е намален за 19.000 во последниот квартал од 2016-та година во однос на претходниот квартал до 2,24 милиони лица. Тоа е најголем пад во периодот октомври-декември во 20-годишната историја на оваа статистика, покажуваат официјалните податоци.

Во последниот квартал од 2015-та година е забележано зголемување на бројот на европските мигранти во Велика Британија со 12.000, а за истиот период на 2014-та година нивниот број е зголемен за 121.000.

По значително зголемување на имиграцијата во последните 20 години Велика Британија има еден од најголемите удели во ЕУ на работници кои не се локални. Нервозите поврзани со миграцијата, беа еден од главните фактори на минатогодишниот референдум, кога Британците одлучија да ја напуштат ЕУ.

Националната статистичка служба прецизира дека податоците не се сезонски прилагодени и со нив треба да се постапува внимателно.

Централната банка на Велика Британија трага по знаци за намалување на протокот на луѓе кои се вливаат на пазарот на трудот, бидејќи тоа може да ги зголеми платите и инфлацијата. Многу работодавци велат дека се соочуваат со потешкотии да најдат соодветни кандидати за пополнување на слободните работни места и се загрижени дека намалувањето на странците може да го продлабочи проблемот.

Институтот за кадри и развој, кој се занимава со човечки ресурси, во понеделникот објави дека околу една четвртина од британските работодавци сметаат дека вработените од другите земји членки на ЕУ може да ја напушти фирмата или земјата во 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП