18 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина прогласи вонредна состојба во снабдувањето со енергија

Украина прогласи вонредна состојба во снабдувањето со енергија

A miner works at the Kalinovskaya-Vostochnaya coal mine in the eastern Ukrainian city of Makeevka near Donetsk on December 23, 2014. Work has continued at the state-run coalmine even after it was taken over by the separatist authorities of the self-declared Donetsk People's Republic although pay for the miners is sporadic. AFP PHOTO / VASILY MAXIMOV / AFP PHOTO / VASILY MAXIMOV

Украина во средата прогласи вонредна состојба во снабдувањето со енергија откако два дена украинските ултранационалистички групи незадоволни од властите во Киев поради продолжување на трговијата со самопрогласените тн Народни републики во Лугнск и во Донецк, ја блокираат пругата која го поврзува остатокот од земјата со истокот кој е богат со јаглен.

Оваа одлука е донесена на состанокот на владата, додека властите се обидуваат да ја намалат потрошувачката на електричната енергија.

Без оглед на судирите со рускојазичните бунтовници од истокот кој е богат со висококвалитен вид јаглен и украинската армија, Киев и натаму купува одреден вид јаглен кој го има само во отцепениот исток од земјата, а кој е неопходен за функционирањето на украинските централи.

Девет од 24-те милиони тони јаглен, колку што годишно се потребни за украинскиот енергетски систем, се однесуваат на овој вид јаглен (антрацит). И покрај воениот конфликт, во изминатите две години антрацитот од отцепениот Донбас продолжуваше да се доставува до другите делови на Украина.

Украинскиот министер за енергетика Игор Насалик прецизираше дека е најитно жителите да се обидат да ја намалат потрошувачката на енергијата, и во домаќинствата и во индустријата.

„Ќе покренеме редукции коишто би ги вовеле рамнотежа во функционирањето на украинскиот енергетски систем, доколку се покаже дека штедењата не се доволни“, предупреди министерот.

Прозападните власти во Киев ја отстранија можноста од укинување на блокадата на пругата, бидејќи стравуваат од реакција на голем дел од населението.

Министерот Насалик изјави дека Украина следните седмици би можела повеќе да смета на погоните кои го користат гасот за производство на електрична енергија, за да се ограничи употребата на јагленот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП