5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропскиот парламент го ратификуваше СЕТА

Европскиот парламент го ратификуваше СЕТА

ceta39393

Европскиот парламент (ЕП) го ратификуваше контроверзниот договор за слободна трговија помеѓу Канада и Европската унија (ЕУ). Европратениците го поддржаа договорот (СЕТА) со 408 гласа „за“ и 254 „против“.

Голем дел од документот може да влезе во сила уште следниот месец, пренесува „Deutsche Welle“. Договорот, поврзан со инвестициите, сепак е предмет на ратификација од националните парламенти.

Поддржувачите на договорот тврдат дека тој ќе придонесе за економијата преку создавање на нови работни места и намалувањето на цените на храната и потрошувачките стоки.

Противниците сметаат дека усвојувањето на договорот претставува отстапка кон сериозни проблеми, бидејќи се даваат премногу права на крупниот бизнис. Тоа беше и една од причините белгиската провинција Валонија првично да го блокира договорот.

Според податоци на полицијата околу 700 луѓе протестираа денеска пред зградата на ЕП, додека внатре се водеа дискусии околу ратификацијата на договорот.

„СЕТА“ предвидува билатерално отстранување на 99% од царините врз различни стоки и услуги, потсетува весникот.

Во 2016-та година ЕУ остварила извоз за Канада на стоки и услуги во вредност од 37 милијарди евра, а увозот е пресметан со 30 милијарди евра. Според различни студии билатералната трговија може да се зголеми со над 20%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП