26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСкок на годишниот профит на Хонда

Скок на годишниот профит на Хонда

iNr3_TvNm0Ic

Јапонскиот производител на автомобили Хонда соопшти дека нето-профитот за работната година која заврши во март забележале раст за 73.6 проценти или за 3.7 милијарди долари, а овој резултат се должи пред се на добрата продажба во странство, поради слабиот јен и поради кратењето на трошоците.

Третиот по големина јапонски производител на возила наведе дека во изминатата финансиска година заработиле 367.15 милијарди јени (3.7 милијарди долари), со приход од 9.87 билиони јени во однос на 7.95 билиони јени од претходната година.

Хонда исто така наведува дека во дадениот период профитот од работењето пораснал за дури 135.5 проценти во споредба со 2011-та година или за 544.8 милијарди јени.

Успехот на Хонда покажува дека компанијата добро се опоравила по земјотресите и цунамито кои во 2011-та година ја зафатија Јапонија, како и од големите поплави во Тајланд, а во добрите резултати допринесе и слабеењето на јенот.

Компанијата очекува дека и оваа работна година ќе биде успешна со нето-профит од 580 милијарди јена и профит од работата од 780 милијарди со приход од 12.1 билиони јени.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП