9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на вредноста на договорените градежни работи во странство од 26.9%

Пад на вредноста на договорените градежни работи во странство од 26.9%

gradeznistvo

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-декември 2016 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 2 780 107 илјади денари што е за 26.9% помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 2 395 517 илјади денари што е за 19.4% помалку во споредба со истиот период
од претходната година.

Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Словенија, Босна и Херцеговина и Германија, додека на другите пазари е регистриран намален обем.

Вредносните податоци за периодот јануари-декември 2016/2015 година се дадени врз база на паритетот 1 САД долар = 56.3744 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП