7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПонеповолна состојба во преработувачката индустрија во јануари

Понеповолна состојба во преработувачката индустрија во јануари

KLANA, 22 09. 2011. - Dodjela državne potpore drvnoj industriji u Klani, DI Klana, miladin markoviæ i božidar pankretiæ DRVNA INDUSTRIJA, STOLICA, IZRADA SNIMIO: VEDRAN KARUZA

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јануари 2017 година е за 0,2 процентни поени понизок во однос на претходниот месец, а во однос на јануари 2016 година е зголемен за 4.0 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јануари 2017, во однос на декември 2016 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи сe зголемени во однос на претходниот месец.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јануари 2017 година е речиси на еднакво ниво како и во претходниот месец, а многу поповолна во однос на јануари 2016 година. Оценката за бројот на вработени е дека ќе се зголеми.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јануари 2017 година изнесува 65.5% од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 23.0%, недоволната домашна побарувачка со 20.6% и недостигот на квалификувана работна сила 17.5%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 1.4% на месечно ниво, а за 1.8% на годишно ниво.

Во декември 2016, во споредба со ноември 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 6.6% и во секторот Преработувачка индустрија за 1.1%, а се пониски во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.2%.

Во декември 2016, во споредба со декември 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 9.9%, во секторот Преработувачка индустрија за 1.3% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.4%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 3.1% на месечно ниво, а за 4.7% на годишно ниво.

Во декември 2016, во споредба со ноември 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 10.5%, а во секторот Преработувачка индустрија за 2.3%.

Во декември 2016, во споредба со декември 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 10.2%, а во секторот Преработувачка индустрија 4.1%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП