3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКој е најсилниот бренд во авијацијата? Одговорот ќе ве изненади!

Кој е најсилниот бренд во авијацијата? Одговорот ќе ве изненади!

flot 00

Рускиот авиопревозник „Аерофлот“ кој бил предмет на неколку шеги поради непочитување на правилата за безбедност и пијаните пилоти, беше прогласен за најсилниот воздухопловен бренд во светот, пишува „Daily Telegraph“.

Консултантската компанија „Brand Finance“ соопшти дека „Аерофлот“ ги надмина најголемите авиокомпании во САД и Блискиот Исток со рејтингот од три пати „А“. Иако уште девет авиокомпании имаат сличен рејтинг од три пати „А“, „Brand Finance“ ја одредува „Аерофлот“ за најмоќната од сите, нагласувајќи го нејзиното спонзорство на Манчестер Јунајтед, нејзиниот млад екипаж и нејзините сериозни инвестиции во маркетингот, особено во Азија.

30 фактори се земени во предвид при проценката на силата на брендот, вклучувајќи ги податоците за големината на флотата, просечната возраст на флотата, безбедносните мерки, бројот на вработените, инвестициите на компанијата, финансиските и оперативните резултати, лојалноста на клиентите и клучниот рејтинг на „Skytrax“ и „IATA“.

„Веста може да е изненадувачка за Европејците и Северноамериканците, кои ги знаат подобро западните и персиските авиопревозници. Моќта на брендот „Аерофлот“ доаѓа делумно од неговата доминација на внатрешниот пазар. Неговите оценки за почит, предност и лојалност се одлични, кога се споредуваат со други руски авиопревозници, така и со странските во рамките на нивните внатрешни пазари“, соопшти „Brand Finance“.

„American Airlines“ е најпрофитабилен бренд во авијацијата, пред „Delta“, „United“, „Emirates“ и „Southwest“, а рускиот авиопревозник е само на 26-то место. „British Airways“ губи пет места во оваа година – до деветто, „easyJet“ се искачува со две места до 19-то, а нејзиниот нискотарифен конкурент „Ryanair“ е на 22-то место.

flot 01

Стандардите за безбедност на „Аерофлот“ во моментов се едни од најдобрите во индустријата. Сајтот „AirlineRatings.com“ кој ја проценува ранливоста на авиокомпаниите според бројни критериуми, дава максималните седум ѕвезди на рускиот авиопревозник, заедно со „Qantas“. Руската авиокомпанија доживеала само една несреќа со жртви во последните 20 години.

Но тоа не е секогаш така. За време на Студената војна, авиони на руската авиокомпанија биле вмешани во 721 несреќа за 44 години. 8231 патници загинале во несреќи со авиони на „Аерофлот“, проследено од „Air France“ со 1783, „Pan Am“ со 1645, „American“ со 1442, „United“ со 1211 и „TWA“ со 1077.

Генералниот директор на „Аерофлот“, Виталиј Савелиев, изрази задоволство од извештајот на „Brand Finance“.

„За „Аерофлот“ е чест да биде одредена за најсилната марка во воздухопловството во светот. Ова признание се одразува не само 93-годишното наследство како авиопревозник број еден во најголемата земја во светот, но и првокласниот сервис кој се нуди за домашните и меѓународните правци со најмладата флота меѓу големите авиокомпании во светот и се разбира, напорите поврзани со маркетингот“, вели Савелиев.

„Актуелниот фокус е на дигитализирање на „Аерофлот“ од гледна точка на искуства на клиентите и управување со логистиката. Продолжуваме да ги извршуваат овие цели и сме убедени дека брендот „Аерофлот“ ќе станува посилен, а патниците и индустријата ќе продолжат да ја признаат како синоним на одличен квалитет“, изјави Савелиев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП