15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCredit Suisse најави 6.500 откази

Credit Suisse најави 6.500 откази

BN-OR075_1brxsw_P_20160627092606

Швајцарската банка „Credit Suisse“ планира да укине до 6.500 работни места оваа година во процесот наречен „значајно намалување на бројот на вработени“.

Банката сака да ги запре трошоците по две години загуба.

Главниот и финансиски претставник на банката Давид Матерс одби да прецизира кои позиции и региони ќе бидат изложени на најголемиот удар, но изјави дека фоксуот ќе биде на „снабдувачите, консултантите и другите работници со договор“, кои ги има во неколу десетици илјади во банката „Credit Suisse“.

Тој изјави дека планира укинување од „5.500 до 6.500 работни места“ со цел намалување на оперативните трошоци на најмногу 17,36 милијарди евра до крајот на 2017 година, од 18,20 милијарди евра колку што изнесуваа на крајот од 2016 година.

На крајот од 2016 година „Credit Suisse“ имаше 47.170 вработени со полно работно време, околу 1.000 помалку отколку една година претходно. Вкупниот број на вработени, кој ги опфаќа и работниците на проекти, е намален за 7.200 лица во 2016 година.

Денешното соопштение следеше по објавата дека „Credit Suisse“ во последниот квартал од 2016 година ја намалила загубата за повеќе од 50 проценти во однос на истиот период претходната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП