2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNBC презема дел од Euronews

NBC презема дел од Euronews

nbcuniversal1

Американската телевизија NBC презеде малцински удел во телевизјата Euronews, оценувајќи дека се работи за единствено меѓународно партнерство, објави New York Times во вторникот.

Овој потег е дел од една поширока реорганизација на NBC News, која се обидува да се натпреварува на меѓународно ниво со ривалската телевизиска мрежа CNN.

Телевизијата ја одреди претседателката на NBC Дебора Тарнерс да го води и организира новото партнерство, а на нејзиното место ќе дојде извршниот директор на емисијата „Today“, Ноа Опенхајм.

NBC ќе плати 30 милиони долари за својот удел во Euronews, компанија која вработува околу 500 новинари и која емитува програма во 164 земји во Европа, Африка и Блискиот Исток, наведува американската компанија во своето соопштение. Новата телевизиска куќа ќе се вика Euronews NBC.

NBC соопшти дека американските гледачи ќе можат да гледаат извештаи на новинари на Euronews

„Веруваме дела пронајдовме идинствен меѓународен партнер во клучно време за глобалните вести“, рече директорот на NBC News Ендру Лак во соопштение до вработените.

Тарнерс ќе биде претседателка на новоформираната NBC News International и ќе биде задолжена да ги спои двете информативни куќи. Подоцна ќе се пресели во Велика Британија, нејзината родна земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП