2 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПланирана изградба и обнова на патната инфраструктура

Планирана изградба и обнова на патната инфраструктура

patistsa 3330

Годинава ќе се работи на изградба и обнова на 40-т­ина патишта, автопати, експресни, регионални и локални, најави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

„Оваа година ќе започнеме со изградба и реконструкција на рекорден број патишта досега. Со истото темпо продолжуваме со изградба и обнова на над 200 километри автопатска мрежа во Македонија. Годинава дополнително ќе почнеме реконструкција на две нови автопатски делници“, рече на прес­конференција Мисајловски.

Планиран и почеток на изградба на три нови експресни патишта во должина од над 100 километри што е инвестиција од околу 250 милиони евра. Во регионалната патна мрежа, се работи на четири регионални патишта, а ќе почне изградба и обнова на 37, за што е предвидена инвестиција од над 55 милиони евра.

Министерот за транспорт и врски најави дека ќе се реконструира автопатот од Велес до
Градско во должина од 20 километри и од Скопје до Куманово во должина од 22 километра за што инвестицијата изнесува 7,8 милиони евра, обезбедени преку ИПА програмата. Во тек на проектирање се два нови автопата од Гостивар до Кичево и од Скопје до Блаце по што ќе се утврди финансиската конструкција и ќе се одбере моделот за финансирање.

Во планираните активности за првиот квартал од годинава Мисајловски наброја и почеток со градба на експресни патишта од Штип до Кочани, од Штип до Радовиш и од Ранковеце до Крива Паланка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП