3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА42 града и 7 компании се побогати од повеќето земји во светот

42 града и 7 компании се побогати од повеќето земји во светот

bogaeko 00

Градовите стануваат се повлијателни економски играчи. Топ 100 на економиите, објавен на крајот на 2016-та година од Советот на Чикаго за глобални прашања, јасно го покажува овој тренд.

Во листата на 100-те најсилни економии во светот, американскиот институт става 42 града, пишува францускиот весник „Les Echos“.

Авторите на извештајот се повикуваат на БДП-то на земјите и на големите градови со податоците од 2014-та година, како и на прометот на најголемите компании. Првите места на листата се заземени од држави – Кина и САД. Но многу градови се претставија толку добро, ако не и подобро од повеќето економии во светот.

Два града се најдоа меѓу првите 25 економии на планетата – Токио го зазема 14-то место, а Њујорк е поставен на 19-то место со БДП над 1 илјада милијарда долари. Во споредба со националните економии со слични димензии, економското производство на Токио го поставува пред Саудиска Арабија, Канада, Шпанија и Турција, а Њујорк ги надмина Иран, Австралија, Полска и Египет.

bogaeko 01

Највлијателните градови во светот во економска смисла се концентрирани во САД (12 во рангирањето) и во Кина (8). Западна Европа заостанува со само шест града – Лондон, Париз, Амстердам, Милано, Мадрид и Дизелдорф. Големите европски престолнини, како Берлин, Рим и Стокхолм, отсуствуваат од листата што ја поби хипотезата дека државната власт и културното влијание водат нужно и до економска сила, анализираат авторите на извештајот.

Африка, која има малку држави во топ 100, нема ниту еден град во листата. Населението тука не е толку урбанизирано, колку во другите делови на светот, па градовите имаат помала важност.

„Но процентот на урбанизација е највисокиот во историјата и урбанизираното население треба да се зголеми двојно во следните 25 години“, предвидува Институтот.

Овој демографски раст ќе биде придружуван и од економската зрелост, дополнуваат авторите на извештајот.

Друга впечатлива карактеристика е дека градовите во топ 100 генерираат систематски дел од националниот БДП, кој го надминува значително делот во населението на земјата. „При индекс од 1.0, се означува директната споредба помеѓу делот на градот во населението на земјата и делот во националниот БДП, градовите, рангирани меѓу првите 100 светски економии, имаат просечен индекс од 1.46“, забележуваат авторите на извештајот.

12-те американски градови, кои влегуваат во листата, претставуваат само 29.1% од вкупното население на земјата, но генерираат 34.7% од БДП-то на САД.

bogaeko 02

Wal-Mart – петта економија во светот

Седум компании успеваат да најдат место во рангирањето меѓу гигантски градови и најбогатите земји во светот. Така „Wal-Mart“ излегува петтата сила во светот, токму пред Швајцарија. Со исклучок на „Volkswagen“, кој го зазема точно 100-тото место, останатите компании се поврзани со нафта, вклучувајќи две кинески кои се контролирани од државата. Тоа се „Royal Dutch Shell“, „China Petroleum“, „Exxon Mobil“, „British Petroleum“ и „PetroChina“.

Ќе видиме ли наскоро Г-7 на градовите?

Штом Токио и Њујорк успеваат денес да се натпреваруваат со Канада и Австралија, тоа е знак според авторите на извештајот дека националните лидери треба „да инвестира во инфраструктура, а институциите да го промовираат урбаниот развој“.

Ако националните држави веќе не се единствените актери, тогаш се поставува прашањето и за застапеноста на градовите и компаниите во светското управување. Соочени со „светскиот поредок, се заканува политичка и еколошка нестабилност“, највлијателните градови треба веќе да се обединат и да вршат влијание на глобално ниво по примерот на Г-7 на земјите.

Тие веќе почнаа да го прават со „Cities 40“ – мрежа од градови кои се борат против климатските промени.

Но многу влијателни градови во економски план се соочуваат и пред крајна нееднаквост во приходите и други форми на социјална исклученост. Тоа се нееднаквости кои не смеат да бидат занемарени, затоа го подкоповат капацитетот и се закануваат со легитимитетот да дејствуваат на светската сцена“, забележуваат авторите на извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП