9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХоландија е најголем извозник на цвеќиња во ЕУ

Холандија е најголем извозник на цвеќиња во ЕУ

eu cveke33

Доколку сте се запрашале од каде доаѓаат букетите за големите празници, „Евростат“ го има одговор – најверојатно од држава во ЕУ.

Според податоците на европската статистичка служба во првите десет месеци од 2016-та година за извозниците на цвеќиња во заедницата всушност се тргува главно со друга земја членка. Четири петтини од извозот паѓа на земјите од ЕУ.

Најголем извозник на цвеќиња во ЕУ е Холандија, на која отпаѓаат 87% од целиот извоз. Истовремено најголемиот увозник е Германија – 25% од вкупниот увоз.

Останатите количини се извезуваат за Русија (34% од извозот надвор од ЕУ), Швајцарија (22%) и САД (16%).

valentine333

Малку над една четвртина од увозните цвеќиња во ЕУ доаѓаат од земји надвор од заедницата. Најголемиот снабдувач е Кенија (38% од увозот надвор од ЕУ), Еквадор (17%) и Етиопија (16%).

Во периодот јануари – октомври 2016-та година увозот на цвеќиња во земјите од ЕУ се проценува на вкупно 3,5 милијарди евра. Извозот е во вредност од 3,1 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП