17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТетово најзагаден град во Европа, по него следат Скопје и Битола

Тетово најзагаден град во Европа, по него следат Скопје и Битола

zagadenost-680x365_c

Весникот Guardian дошол до податоци на Светската здравствена организација (СЗО) за опасните PM2.5 честички и овие податоци ги преточил во листа на региони и градови со најзагаден воздух.

Оваа листа открива градови со најзагаден воздух во Европа, САД, Африка, Азија и други региони.

Кога ќе се изземе Турција, во десетте градови со најзагаден воздух во Европа се наоѓаат три градови од Македонија, по еден од Босна и Херцеговина, Црна Гора и Бугарија, и четири во Полска.

Во Европа, доколку се изземе Турција, најзагаден град е Тетово во Македонија, Тузла во БиХ и македонскиот главен град Скопје, а меѓу десетте најзагадени се Плевља (Црна Гора) и Битола (Македонија).

„Тетово во Македонија – град со 50.000 жители во близина на границата со Косово – го има најлошиот PM2.5 загадување на воздухот во Европа, според податоците на СЗО“, пишува Guardian.

vozduh

„Воздухот во Париз можеби има двојно повеќе PM2.5 честички од нивото препорачано од страна на СЗО (18 микрограми по кубен метар споредено со 1010µg/m³) – но воздухот во Делхи содржи 122µg/m³, додека во Забол, Иран, е најлош со 217µg/m³.”

Се наведува дека милијарди луѓе ширум светот се изложени на опсен воздух, но степенот на загаденост варира и најзагадени градови се во Азија и Африка.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП