2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија се соочува со недостаток на работници

Велика Британија се соочува со недостаток на работници

fabrika-masinci-n1

Британските работодавци се мачат да пронајдат работници во индустријата која вработува голем број на граѓани од други земји од ЕУ, покажуваат истражувањата.

Ваквиот тренд се појави поради намалувањето на европските економски мигранти кои се повеќе ја избегнуваат Британија во потрагата по работа, а сето тоа поради случувањата во врска со Brexit.

Една од многуте последици е и зголемувањето на старосната граница за пензија во оваа земја.

Истражувањето на пазарот за труд кое го спроведе CIPD институтот и Adeko групацијата покажуваат дека, и покрај рекордниот број на објавените конкурси за работа, британските работодавци имат потешкотии во пронаоѓањето на соодветна работна сила.

Областите во кои традиционално работат голем број на странски државјани и каде се појавуваат проблеми со работната сила се малопродажба, производство, здравство, хотелиерство и ресторански услуги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП