6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСамостојна изложба на Ацо Станкоски во МКЦ

Самостојна изложба на Ацо Станкоски во МКЦ

stankoski_3-680x365_c

Самостојна изложба на Ацо Станкоски ќе биде отворена во вторник во 20 часот, во Галеријата на Младинскиот културен центар.

Александар Станкоски е роден во Кичево, Македонија во 1959 година. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Тој е мултимедијален уметник, фокусиран на сликарство, стрип, перформанс, видео уметност и филм. Пишува есеи, раскази и текстови, кои реферираат на историјата на уметноста и социологијата. Имал самостојни изложби во Скопје, Битола, Велес, Куманово, Штип, Прилеп, Кавадарци, Загреб, Келн, Бреда, Њујорк, Сан Франциско и Монтереј и учествувал на значајни меѓународни групни изложби и филмски фестивали.

Околу синопсисот на своите дела на тематика Театар, Станкоски го искажува следното:

„Театарот отсекогаш бил голема инспирација за сликарството. Не само што сликарството често пати играло значајна улога во организирањето на сценографиите и амбиентот, да се сетиме само на Пикасо, Миро или Марк Шагал, кои често пати беа интегрирани во авангардните претстави на париската сцена, но исто така, самиот театар, како уметнички феномен бил предмет на интерпретација и тема на бројни сликарски ремек-дела, како оние на Антоан Вато, Дега или Тулуз Лотрек“.

Самата изместена реалност и енергијата, која блика од театарот, остава голема импресија врз меморијата на гледачот, а посебно на ликовниот уметник кој, фасциниран од сето ова чудоредие, добива порив да го овековечи, да го сублимира овој гејзир од фасцинации во една слика или во цела една серија од ликовни дела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП