21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Македонската берза најтргувана акцијата на Комерцијална банка АД Скопје

На Македонската берза најтргувана акцијата на Комерцијална банка АД Скопје

mk berzat99

Во првиот трговски ден оваа седмица на Македонската берза за хартии од вредност најтргувана беше акцијата на Комерцијална банка АД Скопје.

Со вкупна вредност на трансакциите од околу 12,5 милиони денари, беа истргувани 4.218 акции по просечна цена од 2.982,92 денари. Оваа акција имаше учество од одлични 75,85 отсто во вкупно остварениот промет во понеделникот од 16.587.411 денари.

Промет над милион денари имаше и со акциајта на Нова стоковна куќа АД Струмица, поточно 1.752.750 денари со истргувани 19 акции по цена од 92.250 денари.

На дневната листа на добитниците најголем раст оствари акцијата на Бетон АД Скопје со просечна цена од 11.430 денари и раст на вредноста од 2,97 проценти.

По неа следеа акциите на Гранит АД Скопје со истргувана количина од 78 акции и раст од 1,79 процент, и Комецијална банка АД Скопје со раст од 0,32 отсто.

Индексот МБИ10 остана речиси на последната вредност од минатата недела, со промена од 0,01 отсто и заврши на 2.293,13 индексни поени. Индексот ОМБ, пак, вчера бележеше пад за 0,15 отсто и заврши со вредност од 128,61 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП