3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуристичкиот раст во Црна Гора зголемен за четири пати

Туристичкиот раст во Црна Гора зголемен за четири пати

crna-gora

Црногорските туристички работници очекуваат дека и оваа година ќе продолжат со туристичкиот раст кој во претходните десет години во таа земја беше зголемен за четири пати.

Директорката на Националната туристичка организација (NTO) Жељка Радак Кукавичиќ нагласи дека во 2005 година странскиот туристички промет во Црна Гора изнесувал 220 милиони евра, додека минатата година достигнал бројка од 850 милиони евра.

Таа додаде дека во таа насока ќе продолжат и понатака, и дека очекуваат дека ќе ја надминат минатата година, кога Црна Гора ја посетиле повеќе од 1,8 милиони туристи, односно околу шест проценти повеќе од 2015 година.

„Ако ова се разгледува од аспект на малите економии каква што е Црна Гора која има помалку од 700.000 жители и угостува речсиси три пати повеќе туристи, резултатите и напредокот се јасно видливи, нагласи таа.

Покрај пазарите на Србија и Русија, како што додаде, изразен е интересот на туристите од западна Европа, пред се од Велика Британија, Франција, Германија, а оваа година се очекува и значителен број на гости од Полска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП