2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина не ги одржи ветувањата и ги зголеми капацитетите за производство на...

Кина не ги одржи ветувањата и ги зголеми капацитетите за производство на челик

ChinaSteel--621x414

Кина минатата година ги зголемила капацитетите за производство на челик повеќе од двојно од британското годишно производство, покажа извештајот објавен во понеделник, и покрај ветувањата дека ќе го намали огромниот вишок во тој сектор.

Кина произведува повеќе од половина од светскиот челик, но заради забавување на домашната економија и намалувањето на глобалната побарувачка, се соочи со огромен вишок на производни капацитети.

Кинеските производители се на мета на критика дека ги пласираат своите производи на светскиот пазар по вештачко ниски цени, придушувајќи ги цените и кршејќи ги меѓународните трговски договори.

Минатата година кинеските власти во повеќе наврати ветуваа дека ќе се занимаваат со проблемот со прекумерно производство преку консолидација и затворање на фабриките кои не работат или се неефикасни.

Капацитетите навистина се намалени, но тоа намалување е компензирано со отворање на нови или со повторно активирање на затворените фабрики, се наведува во извештајот на советодавната компанија Custeel and Greenpeace East Asia.

Речиси три четвртини од затворените фабрики во 2016 година не биле активни, истакнуваат авторите на извештајот.

Кина мора да тежнее кон намалување на производството во активните фабрики за челик, а не во оние што се во состојба на мирување.

„Фабриките треба да се урнат, а не само да се затворат, за да се спречи нивно повторно отворање во иднина“, се вели во соопштението.

Така кинеските оперативни капацитети за производство на челик всушност се зголемени за 36,5 милиони тони, повеќе од двојно од вкупниот производствен капацитет на Велика Британија, констатираат авторите на извештајот.

Во тој контекст, американската влада на почетокот на месецот воведе големи царини на дел од увозот на кинески челик, во распон од 63 до 190 отсто, обвинувајќи ги кинеските извозници дека своите производи ги продаваат нечесно ниска цена, односно дека добиваат незаконски субвенции.

Во јануари и Европската унија(ЕУ) најави царини меѓу 30,7 и 64,9 отсто на одредени производи од кинески челик, во обид да ги заштитат европските производители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП