2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата стагнираат - OПЕК го намалува, а САД го зголемува...

Цените на нафтата стагнираат – OПЕК го намалува, а САД го зголемува производството

oil produk3

На светските пазари цената на нафтата минатата недела ја поддржа веста дека членките на „ОПЕК“ во голема мера го поддржуваат договорот за намалување на производството, но растот на цената е овозможено со идниот раст на производството на „црното злато“ во САД.

На лондонскиот пазар цената на барел во петокот изнесуваше 56,70 долари, што е десетина центи помалку од пред една недела.

На американскиот пазар, пак, барелот поскапи за скромни 3 центи или на 53,86 долари.

Цените на нафтата ги поддржа проценката дека 11-те членки на Организацијата на земји-извознички на нафта (ОПЕК) веќе во јануари оствари повеќе од 90 проценти од планираното намалување на производството.

Имено, кон крајот на минатата година членките се договорија да го намалат производството на 1,8 милиони барели дневно до крајот на јуни со цел да ја ублажат нерамнотежата меѓу преголемата понуда и слабата побарувачка на пазарот.

„Некои производители, пред се Саудиска Арабија, го намали производството и повеќе отколку што се бараше“, наведе во извештајот Меѓународната агенција за енергија (IEA).

Во оваа агенција проценија дека, во случај производството да се задржи на актуелното ниво, вишокот во понудата во идните шест месеци ќе биде намален за околу 600.000 барели дневно.

Агенцијата исто така ја зголеми проценката на свесткиот раст за побарувачка за нафта во 2017-та на 1,4 милиони барели  или за 100.000 барели повеќе во однос на досегашната проценка.

Меѓутоа, веќе со месеци расте производството во САД. Во петокот компанијата „Бејкер Хјуџс“ извести дека минатата недела бројот на објеки за дупчење во САД е зголемен за 10, што е веќе 14-ти во последните 15 недели.

Бјарн Шиелдроп од норвешкиот „SEB“ проценува дека оваа година во САД ќе бидат активирани нови 198 објекти за дупчење. Досега веќе се активирани повеќе од 60.

Со оглед на намалувањето на производството на „OPEC“, a зголемувањето во САД, аналитичарите сматаат дека краткорочно цените на нафтата стабилно ќе се движат меѓу 50 и 60 долари по барел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП